ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Митева: Оставката е повеќе од очекувана и неминовна за министерката Мила Царовска

Министерке, давате изјави во кои стартот на учебната година го оценувате како успешен. Жално е “добивањето лозинки” да го потенцирате како успех од невидени размери во дигитализацијата. А срамно, што се тоа го кажувате со насмевка на лицето.

Имате повеќе од 80 илјади ученици кои немаат услови за следење на онлајн настава, а вие им нудите 15-минутни видеа од наставните часови пред малите екрани на националниот сервис. Велите, во овој момент тоа е единственото решение. Не, тоа е само оправдување!

Имате бојкот на онлајн наставата во повеќе од 7 градови, старите и руинирани училишни објекти се поле за истражување, платформата ви е нефункционална, еве вчера и официјалната страна на Министерството беше нефункционална!

Непотребно не убедувате, велите во НАЈГОЛЕМ ДЕЛ од училиштата во државата е започната онлајн наставата. А што е со останатите кои воопшто не започнаа?

Не сме изненадени! Факт е дека следи уште едно оправдување, за кое повторно ќе кажете: “Учебната година започна организирано, предизвиците ќе се надминат”.

Еве уште еден пример, целодневна настава се уште нема, а вие велитe: организацијата на целодневната настава е во надлежност на училиштата, не на Министерството за образование.

Почитувана министерке, за секој еден проблем ја префрлувате вината, барате трпение и разбирање. Имате ли критериум и план како понатаму? Доколку не, чесно и доблесно е да признаете дека оставката е повеќе од очекувана и неминовна!

Марија Митева ВМРО-ДПМНЕ

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.