Миро Церар во Скопје – процесот во парламентот е легитимен и од исклучително значење за стабилноста на регионот
Одлуките кои следниве месеци ќе бидат усвоени ќе бидат од историско значење не само за Македонија туку иза целиот регион, порача словенечкиот министер за надворешни работи, кој е во посета на Скопје.
По средбата со домакинот Димитров, Церар посочи дека Македонија е на добар пат да се интегрира во НАТо и ЕУ, а тоа го покажа на рефрендумот и во Собранието со отпочнувањето на процедурата за уставни измени.
Свесен сум дека консултативниот референдум не го исполни основниот правен услов за да биде важечки, но во Словенија цениме дека резултатот донесе една убедлива порака да се продолжи со политичките процеси за евроинтеграциите, односно за влез во НАТО. Сметаме дека овој процес што се случува во Парламантот е легимитмен и ја изразува волјата на граѓаните.
Министерот Димитров потенцираше дека Словенија е силен поддржувач на македонските евроатланстки интеграции и пример кој треба да се следи на Балканот.
„Ова е прва негова официјална посета пријателска земја е Словенија и може да ни биде пример да бидеме повеќе како нив имаме одлични односи расте трговската размена има нови инвестиции поддршка за интеграција во ЕУ и НАТО
Церар деенска се сретна и со премиерот Заев . Двајцата констатираа дека економската соработка е во подем и дека е е зголемен бројот на странски инвестиции. Заев и Церар изразија очекување дека по заокружувањето на политичките процеси во Македонија о влезот во НАТО , овој однос ќе се продлабочи.