ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Мирно, но тензично пред утрешните вонредни локални избори на северот на Косово

Косовската полиција соопшти дека ги презела сите мерки за безбедно и непречено спроведување на изборниот процес утре во четири општини на северот на Косово. Граѓаните во тие општини ќе избираат градоначалници на Северна Митровица.

Звечан, Зубина Поток и Лепосавиќ, а ќе се гласа и за советници на собранијата на општините Лепосавиќ и Звеча. Сепак неколку дена пред изборите од двајца српски кандидати кои требаше да бидат во трката на локалните избори, едниот се откажа.

Александар Јабланович кандидат на партијата Косовски срби за градоначалник на општината Лепосавиќ ја откажа својата кандидатура бидејки како што вели немало адекватни услови за одржување на изборите.

– Очекувам Белград и Приштина да сфатат дека на северот на Косово постојат Срби кои политички размислуваат со својата глава. И дека поради политиката во која се убедени подготвени и да одат на избори кои се ризични како што се овие. Нашето излегување на избори во голема мера ќе ги охрабри граѓаните. За некои идни политички процеси кои овде ќе се случуваат. – изјави Александар Јаблановиќ – Лепосавиќ.

На овие локални избори за градоначалник ќе се тркаат десет кандидати, еден од српската заедница, останатите се албанци. Независната кандидатка за општината Звечан, Слаџана Пантич кажа дека напнатата атмосфера и стравот меѓу граѓаните мора да престанат.

– Мислам дека ќе му биде подобро на народот Ќе биде демократија и нмеа да има повеќе уцени. – изјави Слаџана Пантич, независен кандидат -Звечан.

Инаку целта на планирањето и координација на полицијата во Северно косово е спроведување на оперативен план кој има за цел да создаде безбедна и мирна средина за сите граѓани на Косово, пред, за време и по изборниот процес.

– Гаранција на избирачкото право, заштита на животот и имотот, спречување на негативни појави и криминални дејствија кои би ја загрозиле безбедноста, мирот и стабилноста во било која мерка, како и преземање законски мерки против незаконски и други дела, се задачи на косовската полиција. – велат од косовската полиција.

Српскиот претседател Александар Вучиќ пак оцени дека „не повеќе од сто Срби кои всушност живеат таму“ ќе учествуваат на специјалните избори во четири општини на северот на Косово. Според него „луѓето од Запад“ создаваат „циркус“ затоа што мислат дека можат насилно „да ги натераат Србите да го засакаат независно Косово“ со тоа што ќе ги принудат да учествуваат на избори . Додаде дека Србите сепак ќе преживеат на Косово и дека ќе продолжат да ја сакаат единствената земја што ја имаат, а тоа е Србија.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.