ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Милошоски ја достави до Русковска „бомбата“ која ја пушти во Собрание

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски денеска во Јавното обвинителство и ја предаде аудио снимката на обвинителката Вилма Русковска која минатата недела ја пушти од собраниската говорница. На неа, како што рече, се слуша гласот на поранешниот премиер Зоран Заев кој со непознато лице разговара за финансирањето на телевизијата на првоосомничениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски.

„Според она што ми беше објаснето од обвинителката Русковска е дека овие материјали таа ќе ги вклучи во предметот кој што се води за Меѓународниот сојуз. Се надевам дека истите ќе бидат од корист“, рече Милошоски.

Пратеникот додаде дека со оваа снимка доставена од укажувач предал се што има досега, а ако имал и нови материјали исто ќе постапел. Според Милошоски со снимката се фрла сериозен сомнеж дека Заев знаел за, како што рече, нелегалниот начин на финансирањето на Меѓународниот сојуз, а помагал и за финансирањето на 1 ТВ и затоа побара претседателот на СДСМ да биде повикан во обвинителството.

Од обвинителството кратко соопштија дена на средбата Милошоски доставил аудио материјал за кој „по преслушувањето и анализа на истиот ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за понатамошно користење на материјалот“.

Инаку, Милошоски минатата недела во Собрание го прочита транскриптот на снимката наведувајќи дека лице со иницијали З.З. рекло:

З.З.„Го прашав Боки бе од каде бе тие парите за телевизијата? Ми вика: имав еден фраер од Хрватска и од Циле, (Силјан Мицевски) што му легнаа пари тогаш за старечките домови, ако знаеш.

З.З. Ние на неколку пати така му помогнавме во телевизијата, главно за маркетинг, тоа беше уште порано лани октомври-ноември 2018-та година”.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.