Милошоски: Коѕијас беше архитект на Договорот од Преспа
Со свој став околу оставката на шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, излезе и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Според него, повлекувањето на Коѕијас е знак дека Договорот од Преспа е мртов.
„Договорот од Преспа имаше еден архитект (Коѕијас), 2 потписници (Коѕијас и Димитров) и еден смислено испланиран опонент (Каменос). Повлекувањето на Коѕијас и продолжувањето на сојузот Ципрас-Каменос е потврда дека Договорот од Преспа е мртов. Димитров може да си поднесе оставка“, рече Милошоски.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: