ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Милановиќ: Јас сум командант на војската, хрватски војници нема да одат во Украина

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ порача дека на Украина не ѝ местото во НАТО, а ситуацијата на украинско-руската граница ја оцени како сериозна криза зад која првенствено стои динамиката на американската внатрешна политика, додавајќи дека Хрватска на никаков начин нема да се меша во кризата ако дојде до нејзина ескалација и дека таму нема да има свои војници.

Тој истакна дека Украина нема што да бара во НАТО и дека Европската Унија таму поттикнала „државен удар“ со кој во 2014 беше турнат од власт прорускиот претседател Виктор Јанукович.

Западните земји предупредуваат на „сè поголемата закана“ од руска инвазија во Украина, па дел од нив почнаа да ги повлекуваат своите дипломати од таа земја. Москва од друга страна ги отфрла тврдењата дека се спрема за напад и бара правни гаранции од Западот дека НАТО нема да се шири на исток и дека нема да поставува ракетни системи на нејзините граници.

Милановиќ смета дека постојат начини Украина да се зачува како „цела држава или 99 отсто од неа“ и економски да ѝ се помогне, но додаде дека не ѝ местото во НАТО пактот, во, на пример, не се ни неутралните Финска, Австрија и Шведска па се безбедни земји.

„Оваа криза нема врска ни со Украина ни со Русија, таа има врска со динамиката на американската внатрешна политика на Џо Бајден и неговата администрација“, кажа Милановиќ, истакнувајќи дека кај американската влада во „прашањата за меѓународната безбедност гледа неконзистентност и опасно однесување“.

Милановиќ смета дека демократската влада на Бајден под притисок на сопствените „јастреби“ во партијата, но сега и на оние републиканците кои „до вчера ја оправдуваат и поддржуваа опортунистичката и мирна политика“ на поранешниот претседател Доналд Трамп кон Москва, а сега ги притискаат Пентагон и Бајден кон Русија да се постават цврсто.

„Ова се случува во претсобјето на Москва, главниот град на Русија. Аранжман кој ќе води сметка за безбедносните интереси на Русија секако мора да се најде и ќе се најде“, кажа хрватскиот претседател.

Ако дојде до ескалација, Хрватска ќе се повлече „до последниот војник“, порача врховниот командант на хрватската војска.

„Ние со тоа немаме ништо ниту ќе имаме нешто, тоа го гарантирам“, додаде тој, критикувајќи го уште еднаш ангажманот на премиерот Андреј Пленковиќ во Украина.

Уривањето на прорускиот претседател Виктор Јанукович, „измамник кој седеше на три столчиња“, Милановиќ го нарече „државен удар поттикнат од Европската Унија, и пред сè од Вашингтон во тоа време“.

По тие настани од 2014 година, со кои почнаа конфликтите во Украина, „приказната беше следната: Украина оди на запад, нема што да бара со Русија, царинската унија со Русија и поранешните земји од Советскиот Сојуз е лоша за Украина, а во ЕУ ќе течат мед и млеко“, кажа Милановиќ.

Осум години подоцна, продолжи хрватскиот претседател, „Украина е и понатаму една од најкорумпираните земји во светот, економски стагнира и не доби ништо од ЕУ“.

„Па господа, каде се тие милијарди до кои можевме да ги купиме украинските лојалност и мир?“, праша Милановиќ, заклучувајќи дека за штетноста од конфронтација со Русија сведочи и цената на гасот.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.