ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Мигрантите на ничија земја меѓу Турција и Грција

Состојбата на грчко-турската граница е мирна, но тензиите ги подгрева воинствената реторика на релација Анкара – Атина. 

Илјадници мигранти и бегалци и натаму остануваат заглавени на ничија земја – од денеска веројатно и без можност да продолжат кон Европа и без можност да се вратат на турска територија. Турскиот министер за внатрешни работи најави распоредување на специјалци долж границата, за како што појасни, да се спречи враќање на мигрантите.

-Со цел да го спречиме враќањето назад на мигрантите, ќе распоредиме илјада полицајци од специјалната полиција во пограничниот регион., изјави Сулејман Сојлу, министер за внатрешни работи на Турција.

Енигмата колку луѓе се наоѓаат во тампон зоната и натаму останува непозната, со оглед дека и Турција и Грција излегуваат со драстично различнит бројки. Одговор од министерот се обиде да добие турски репортер.

-Вие рековте дека има 140 илјади мигранти,  можете ли тоа да го потврдите?

А, кој сте вие? Диписник на Теле 1.

На чија страна сте вие?

На страната на Турција.

Но, вие сега искажувате лаги, кои ги објавуваат грчките медиуми.

Дали дојдоа 140 илјади луѓе?

Излегува дека јас лажам?

Грција соопшти дека од почетокот на кризата спречила 26 илјади нелегални преминувања, а денеска најави дека сите кои незаконски влегле во земјата ќе бидат сместени во касарна во близина на Серес, град кој се наоѓа на 90 километри од македонската граница. Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис за ЕРТ појасни дека касарната ќе биде прилагодена во центар каде што ќе бидат згрижувани, а потоа и депортирани во матичните земји сите кои нелегално влегле во Грција по први март. Но, ваквата најава сепак не ги плаши мигрантите.

Поворки луѓе со деца в раце и натаму очајно се обидуваат да ја преминат Марица и да се пробијат на грчка страна.

-Не знам да пливам. Знам дека имам две опции, или да преминам или да се удавам, вели мигрант од Сирија

-Пет дена само чекаме. Немаме ни храна, ни вода, додава друг мигрант од Сирија 

Турција и натаму тврди, а Грција демантира дека во обид да ја минат границата загинале неколу мигранти, а над 100 биле повредени.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.