Меј може да ја објави својата оставка следната недела
Веројатно следната недела британскиот премиер и лидерот на британската конзервативна Тереза Меј ќе поднесе оставка. Ова го изјави Грахам Брејди,претседател на Комитетот од 1922 година, организација на конзервативните европратеници.
Ова ќе се случи откако таа во средата одржа состанок со своите сопартијци. Во меѓувреме, Меј објави дека ќе се повлече откако договорот за Брегзит ќе биде донесен во парламентот. Сепак, според најновите податоци, оставката ќе биде поднесена следната недела.
Потсетуваме дека претходно претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави дека и кажал на Меј да побрза со Брекзит , бидејќи се повлекува од Комисијата, кога се претпоставува дека Велика Британија ќе ја напушти Заедницата.