ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Меј бара излез од ќорсокакот, Брисел се подготвува за „тврд Брегзит“

29 март за Треза Меј е преблиску таа чука на вратата на ЕУ за да излезе надвор, но Брисел испраќа сигнали дека договорот за Брегзитот може да биде повлечен. По добивањето на довербата во парламентот со нов залет бара единство на политичката британска сцена, но Лабуристите ултимативни бараат Меј да ја отфрли можноста за спроведување на Брегзитот без договор, само така Џереми Корбин ќе дојде на разговори.

  • Почетнава основа за било какви разговори околу Брегзитот мора да е лакрдија, по катастрофата дека нема никаков договор за спроведување на Брегзит. Сега нема разговори на маса за тоа, ние треба да разговараме за иднината, изјави Корбин, лидер на Лабуристите.

Франција веќе покрена план за „непредвидливи ситуации“, поради стравувањето дека е можен „тврд Брегзит“, односно излегување на Велика Британија од ЕУ без договор. Претседателот Филип ќе издвои 50 милиони евра од буџетот за спас француските пристаништа и аеродроми и справување со последиците од „тврдиот Брегзит“.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск рече: “Ако договорот е невозможен, и никој не го сака договорот, тогаш кој конечно ќе има храброст да каже што е единственото позитивно решение?” Она што Туск го нарекува “единствено позитивно решение” е всушност надежта дека Обединетото Кралство ќе остане во Европската унија. Таа можност постои, но за владата ќе биде потребна огромна храброст да го повлече Брегзитот. Во исто време, можноста за излегување од ЕУ без договор за Брексит се зголемува. Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, рече дека Европската унија ќе ги интензивира подготовките за ова сценарио.

И додека најодговорната Британка Меј, засега нема јасен став за Брегзитот, поранешниот британски премиер Тони Блер дециден: Да сум јас сега Влада, веќе би разговарал со Европа за условите за одлагање. Тоа сега практичено е неизбежно…

Гласање за планот Б за Брегзотот на Меј ќе се одржи на 29 јануари.

Во очите на меѓународната јавност, Брегзит е голема грешка е штетна за Европа, но го ослабува и статусот на Лондон како глобален финансиски центар. За да се избегнат најлошите можни исходи, политичките претставници на Обединетото Кралство треба да се постројат и одговорно да го трасираат патот во иднината.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.