ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

„Меѓународен сојуз“: Амзоски побара отштета од 195.000 евра, Ременски со снимки ќе го докаже незаконскиот претрес

На денешното рочиште за случајот Меѓународен сојуз, отштета од 195 илјади евра побара бизнисменот Ардијан Амзоски.

-Ќе се приклучам кон кривичното гонење во предметот и пријавувам побарување за штета од 195.000 евра, изјави Амзоски.

Според обвинението, бизнисмените Амзоски и Силјан Мицевски биле доведени во заблуда и измамени преку проекти за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилни сервиси, па преку Македонската авторска агенција исплатиле речиси еден милион евра, Мицевски сума од околу 720 000, а Амзоски околу 233 000 евра.

Поранешната пратеничка Фросина Ременски на денешното рочиште појасни дека  со снимки од видеонадзорот во нејзиниот дом ќе го оспорува претресот кој беше извршен во овој случај.

„ Приложивме и ние доказ за неовластениот влез во мојот дом, така што тука ќе ги судриме видеоматеријалите кои ќе видиме колку кореспондираат со она што е тврдење на јавното обвинителство и она што е мое тврдење, дека имаме комплетно неовластено влегување и претрес во мојот дом “,рече Ременски.

Според неа, со споредба на материјалите од видеонадзорот кој бил поставен во домот и бил исклучен кога истражителите влегле, и на снимките кои ги направило обвинителство, ќе се види дека кај неа било упаднато незаконски, во момент кога сопствениците не биле дома.

Во овој случај обвинети се Бојан Јовановски-Боки 13, Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ, Христина Блажевска, професорката Фросина Ременски и таткото на Боки, Миле Јовановски.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.