ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Мерко со 30 предмети под лупа на Обивнителството

Откако САД го стави Рамиз Мерко на црна листа,органите на прогонот, судството и обвинителството се растрчаа.Од вкупно 30 заведени предмети од кои најстарите датираат од 2006-та година, во моментов против недопирливиот Мерко но и против Општина Струга за периодот кога тој ја вршел функцијата градоначалник, се водат 15 предмети -комисија на јавното обвинителство изврши вонреден инспекциски надзор над работата на Основното јавно обвинителство Струга, Вишото јавно обвинителство Битола и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.Десет од предметите се однесуваат на период од 2019 до 2023 година.

“Основното јавно обвинителство Струга води 4 предмети против Рамиз Мерко оформени од почетокот на годинава, а постапува и во 2 други предмети од 2021 година кои се однесуваат на конкретни проекти на Општина Струга.Јавните обвинители кои преземале дејствија добија укажувања и насоки со цел дополнително да се динамизира постапувањето за уште 4 предмети –два од 2019-та и 2 од 2022 година, стои во изве”
За случајот Мерко, полни раце работа има и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кое постапува по 5 предмети, меѓу нив е оној со спорната набавка на службени автомобили во Општина Струга, кон кој е приклучена и иницијативата на Државната комисија за спречување на корупција и извештај на Државниот завод за ревизија.

” Членовите на комисијата директно разговараa со јавните обвинители од кои побараa да се произнесат дали чувствувале какви било притисоци во постапувањето и дали се соочуваат со проблеми при водењето на постапките. Од комисијата апелираа до надлежните јавни обвинители за поголема ажурност и ги охрабрија да го пријавуваат секој обид да се компромитираат постапките што се водат во јавните обвинителства.”
Јавното обвинителство ја уверува јавноста дека во сите активни предмети против Рамиз Мерко ќе бидат преземени неопходните дејствија и ќе бидат испитани сите околности, а евентуално утврдените кривични дела нема да останат без соодветен кривичен прогон. Од Судскиот совет пак чии членови пред половина месец извршија контрола на работењето на струшкиот основен суд во однос на наводите од Стејт департментот дека струшкиот градоначалник наводно вршел политички притисоци за донесивање на некои судски одлуки,велат дека се подготувал извештајот кој бил во завршна фаза.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.