ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Меркел: Темни облаци надвиснаа над дијалогот меѓу Белград и Приштина

Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека темни облаци надвиснале над дијалогот помеѓу Белград и Приштина откако Косово воведе царини за српските производи.

Во разговор со дописниците во Берлин, Меркел истакна дека Германија има голем интерес кон европската интеграција на Србија и Косово, на тој пат да се напредува, но, како што истакна, неопходно е да се обнови дијалогот помеѓу Белград и Приштина.

Даноците доведоа до назадување, а не до напредок, рече Меркел, потсетувајќи дека за тоа разговарала со лидерите на Белград и на Приштина на претходниот состанок во Берлин.

„Сега мора да видиме како да го обновиме дијалогот. Разговарав со Александар Вучиќ, Хашим Тачи и Рамуш Харадинај. Сè уште нема напредок во врска со ова прашање. Понудивме состанок во Париз и сè уште е потребно да се работи на тоа“, рече германската канцеларка.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.