ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Меркел се залага за краток но построг локдаун во целата земја

Германија се справува со третиот бран на коронавирусот, во кој поради големиот број на инфекции, се множат барањата за заострување на рестрикциите. И германската канцеларка се залага за такво нешто.

Канцеларката Ангела Меркел пледира за воведување на краток но заострен локдаун во Германија со оглед на актуелната состојба со бројот на инфекции. 

„Затоа секое барање за краток локдаун кој подеднакво ќе важи во целата земја е исправно“, изјави заменичката на портпаролот на германската канцеларка,  Улрике Демер денеска во Берлин на прашањето за позицијата на канцеларката околу ова прашање.

Според Демер, податоците за бројот на инфекции во земјата поради велигденските празници не ја отсликуваат вистинската ситуација. Од друга страна, зголемениот број зафатени кревети за интензивна нега во германските болници укажува на сериозноста на состојбата. 

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.