ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Меркел ги повика жените повеќе да се ангажираат во политиката

Германската канцеларка на заминување, Ангела Меркел ги повика жените повеќе да се ангажираат во политиката и да се борат за водечки позиции.

„Мора да работиеме на тоа жените, генерално да имаат поголема самодоверба. Бидејќи, и кога се присутни, тие баш и не се „тепаат“ да станат лидери на партија“ – изјави Меркел во викенд интервјуто за Зидојче цајтунг.

Таа испрати апел до жените повеќе да се ангажираат и да настапуваат посамоуверено во политиката.

„Само мажи, тоа повеќе не е во склад со нашето време. Ако партијата сака да го претставува народот, мора да има волја да се приближи на родовата еднаквост“ – вели Меркел.

Ангела Меркел како претставничка на Христијанско-Демократската унија, во 2005 година стана канцеларка на Германија, прва жена на таа функција во историјата на земјата. На последните избори не се кандидираше повторно и после 16 години на власт заминува во пензија откако че биде конституирана новата Влада.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.