ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Меркел ги нападна луѓето кои го негираат постоењето на коронавирусот

Тие се опасни и неодговорни луѓе, вели германската канцеларка Ангела Меркел за оние кои го негираат коронавирусот.

Меркел, во својот говор во Бундестагот најави тешки четири месеци. 

Таа ја опиша ситуацијата во Германија како драматична и потсети на бројот на новозаболени лица кои достигнуваат рекорд секој ден.

Меркел се плаши дека здравството ќе доживее колапс. 

Во земјата се потврдени 16.774 нови случаи на инфекција со коронавирус, со што вкупниот број достигна 481.013, покажуваат податоците на институтот Роберт Кох.

Во светот има над 45 милиони, од кои во Европа се над 10 милиони заразени со коронавирусот. 

Германија оди во карантин месец дена и се затвора скоро се. 

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.