ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Мерката субвенција на плати останува како опција во петтиот антикризен пакет

Заев објасни дека во разговорите со стопанството заклучиле дека не може туку така да се укине оваа мерка

Мерката за субвенции на платите најверојатно нема да се укине и ќе ја има и петтиот антикризен пакет кој ќе се дефинира викендов, најави денеска премиерот Зоран Заев.   

Пакетот од околу 16-ина мерки ќе нуди опција за помош во плати или за грант, односно со бескаматни кредити, каде што 10-30 проценти од сумата ќе биде во форма на грантови.

„Во делот на мерките нормално дека слушнавме од страна на дејностите, на многу други компании, дека не може баш така да ја укинеме мерката субвенции преку плати, колку и да сака Владата да испрати порака за излез од кризата, за рестарт, за почеток после криза, која што треба да го зграпчиме сите и да испратиме пакети и мерки на мотивација и на охрабрување во делот на навлегувањето на инвестициските циклуси се со конечна цел зголемување на продуктивноста и профитабилноста на македонските компании, а со тоа и подигање на БДП“,

рече Заев одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата за енергетска транзиција.
Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.