Меланија нема да го посети Доналд Трамп во Болница
Првата дама Меланија Трамп нема да го посети својот сопруг Доналд Трамп кој се наоѓа во болницата „Walter Reed“ во предградието на Вашингтон.
„NBC“ јавува дека Меланија нема да го посети својот сопруг поради ризикот на кој може да биде изложен персоналот.
-Таа има ковид. Тоа би ги изложило на ризик агентите кои би возеле до таму и медицинскиот персонал кој би требало да ја доведе до нејзиниот сопруг- коментира неименуван извор за „NBC“.
Трамп во недела навечер е снимен како од задното седиште на црниот автомобил, со маска на лицето им мавта на подржувачите собрани пред воената болница „Walter Reed“.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: