ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Медиумите треба да си ги остварат правата за финансиска помош од државата, вели вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска

Она што сега е достапно за медиумите е вообичаената поддршка што следува од државата за компаниите во делот на финансиската поддршка и секој медиум треба да си ги оствари правата по оваа уредба, информираше на денешната онлајн прес-конференција вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска.

-Сега она што е достапно за медиумите е поддршката што следува за компаниите во делот на финансии и мислам дека тука треба да си ги остварат правата по оваа уредба. Исто така знам дека има одредени преговори коишто се случуваат, АВМУ исто така скрати одредени плаќања што требаше да се прават, но мислам дека кога ќе има друг став по однос на друг тип на поддршка, јавноста ќе биде известена, вели Царовска.

Да се потсетиме, АВМУ на почетокот на кризата предизвикана од коронавирусот, реши да додели финансиска помош -донација за справување со последиците во вкупен износ од 105 милиони денари.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.