Медведев за посетата на Бајден на Киев: Вети оружје, му се заколна на верност на неонацистичкиот режим
Дмитриј Медведев, поранешниот претседател на Руската Федерација и актуелен заменик претседател на рускиот Совет за безбедност, објави на социјалната мрежа Телеграм коментар за посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Киев.„Бајден, откако доби безбедносни гаранции од Москва, конечно отиде во Киев. Вети многу оружје и се заколна на верност до гроб на неонацистичкиот режим. Треба да се напомене дека Западот редовно ѝ доставува оружје и пари на Украина, и тоа во огромни количества. Со тоа се овозможува заработка на воено-индустрискиот комплекс на земјите на НАТО“, напиша Медведев.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: