Мајката на Мицкоски позитивна на коронавирус, тој вели дека немале контакт
Мајката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е позитивна на ковид-19.
Мицкоски ја потврди информацијата, коментирајќи дека со неа се немал видено подолго време. Направено е епидемиолошко интервју, па луѓето кои што биле во нејзина близина веќе се наоѓаат во самоизолација.
„Јас подолг период се немам видено имајќи го предвид ризикот на кој што сум секојдневно изложен бидејќи се среќавам со луѓе и разговарам. Веќе неколку дена, околу 5-6 дена таа е во домашни услови и ѝ посакувам добро здравје. За жал и кај нас во семејството ја почуствувавме директно оваа пандемија и се надевам дека побргу ќе помине. Ние сме тука да и ги олесниме деновите кои што доаѓаат во борбата против овој вирус“, рече Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека вирусот е многу сериозен и граѓаните треба да бидат претпазливи.