ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Масовни протести во Русија: Се бара ослободување на опозиционерот Навални

По повикот на уапсениот опозициски лидер Алексеј Навални, денеска во Русија почнаа масовни протести.

Протестите започнаа утрово најпрво во Хабаровск, град во југоисточна Русија. Демонстрантите бараат да се ослободи Алексеј Навални од затвор, а за време на протестите десетици учесници беа приведени.

За денеска се најавени протести во околу 70 руски градови поради притворањето на Навални и државната репресија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ги предупреди граѓаните да не учествуваат на тие собири . А руската полиција соопшти дека во текот на викендот ќе преземе мерки против масовните собири.

Освен Навални, во изминативе денови беа уапсени и други негови соработници, меѓу нив и портпаролката, Кира Јармиш, која беше приведена во текот на вчерашниот ден откако повика на протести. Уапсени се и координаторите на приврзаниците на Навални во Владивосток, Краснодар и Калининград.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.