ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Масовна вакцинација во Русија најверојатно пред крајот на годината

Масовната вакцинација во Русија треба да започне пред крајот на оваа година, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков и објасни дека имунизацијата против ковид-19 ќе се спроведува етапно.

Сè уште не можеме точно да потврдиме кога ќе започне вакцинацијата, но се очекува тоа да се случи пред Нова година, рече Песков.

Тој потенцираше дека вакцинацијата против ковид-19 ќе биде на доброволна основа, како што објави ТАС С.

Имунизацијата против ковид-19 ќе се спроведува етапно, а географијата на земјата и деталите за складирање на разните супстанции ќе бидат земени во предвид, посочи Песков.

Задачата на властите ќе биде да ги ограничат тие фази на минимум и да им овозможат на сите што сакаат да ја примат вакцината што е можно поскоро, рече портпаролот на Кремљ.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.