ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Маск: Ќе направиме сопствена батерија, најевтината Тесла ќе чини 25.000 долари

Илон Маск верува дека неговата компанија во иднина ќе произведува дури 20 милиони возила годишно.

На манифестацијата „Battery Day“ која е одржана во вторник во рамките на фабриката на Тесла во Фримонт, Илон Маск открил дека неговата компанија планира производство на сопствена погонска батерија, благодарение на која најевтината Тесла би имала значително пониска цена од сега.

Целта е електромобилот да чини колку и одговарачки модел со мотор со внатрешно согорување ако не и помалку.

Преведено во долари, Маск планира цената на најевтиниот Тесла автомобил да изнесува 25.000 долари.

За споредба, моментално најевтиниот Модел 3 чини нешто помалку од 38.000 долари.

Како резултат на поевтинувањето на автомобилите на електричен погон се очекува се помасовна продажба во светот. Маск вели дека сака Тесла во некој момент во иднината годишно да произведува дури 20 милиони возила на стрија, додека овогодинешната проектирана продукција е 500.000 Тесла автомобили.

Меѓутоа, првиот човек на тесла наведува дека неговата батерија се уште не е подготвена и дека е потребно да се работи на зголемување на капацитетот на самата батерија и намалувањето на трошоците, а потоа и организација на производство.

За се наведено, Маск на самиот себе си задал тригодишен рок, па не треба да се очекува масовно производство на Тесла погонски батерии пред 2022 година.

Кога станува збор за цената на батерија, според неговите збороци, клучно е таа да биде под 100 долари за 1 kWh.

Инаку, во склоп со мерките кои се спроведуваат заради коронавирусот, манифестацијата „Battery Day“ е одржана на отворено, на паркингот на компанијата, а публиката седела во паркирани Тесла автомобили и го слушала Илон Маск како говори од бината.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.