ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Маск изрази благодарност до Трамп и НАСА

По вчерашното прво лансирање на американскиот брод „Драгон“ кон Меѓународната вселенска станица (МВС) шефот на компанијата „Спејс Екс“, Елон Маск изрази благодарност кон Доналд Трамп и НАСА, јави ТАСС.

„Во име на „Спејс Екс“, му се заблагодарувам на претседателот Трамп НАСА, без кој не би го постигнале овој успех“, напиша Маск на Твитер. Така тој одговори на американскиот претседател кој во истата социјална мрежа го поздрави „Спејс Екс“ за успехот.

Директорот на НАСА, Џим Брајденштајн, пак, во својот блог констатира дека американската администрација обезбеди доволно финансиски средства за да му овозможи да направи чекор напред.

„Денес – МВС, а утре – Месечината“, напиша Брајденштајн како одговор на изјавата на Трамп.

Првиот тест за лансирање на бродот „Драгон“ без екипаж на МВС беше спроведен од Кејп Канаверал, Флорида.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.