ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Маричиќ се надева дека Уставен ќе ја расчисти ситуацијата со аболицијата на Иванов

На утрешниот дневен ред на Уставниот суд ќе се најде Членот 11-а од Законот за помилување, кој на претседателот на државата му дава право да ги повлече одлуките за помилување. Претседатело Ѓорге Иванов, повикувајќи се на избришаниот (непостоечки) член 11 од Законот за помилување, најпрвин ги аболицираше функционерите од ВМРО-ДПМНЕ кои беа осомничени во предметите на СЈО, а потоа во Законот беше додаден нов член, 11-а, со кој го повлече помилувањето.

Иницијативата за оцена на уставноста на овој член беше поведена за да се одлучи дали поранешниот претседател Ѓорге Иванов можел да ги повлече помилувањата што ги даде за 56 лица во 2016 година.

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска изјави дека очекува Уставниот суд конечно да ја расчисти ситуацијата.

-Ова е важен процес и не треба да прејудицираме која ќе биде расправата на Уставниот суд во врска со членот 11-а од Законот за помилување за да не се прави какво било влијание. Не би сакал да коментирам. За нас е најважна правдата, правната држава и владеењето на правото како принцип. Верувам дека ќе имаме одлука или некаков вид изјаснување на Уставен, кој ќе ја расчисти оваа ситуација, изјави денеска Маричиќ.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.