ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Маричиќ: Сега сè е во наши раце, нема ништо спорно во содржината на уставните измени

Треба да се отвори една суштинска дискусија за да нè одведе и во содржината на уставните измени, којашто мислам дека не е спорна, бидејќи треба да дополниме во Преамбулата и во уште еден Амандман, уште неколку заедници коишто не се спомнати во Уставот, за поддржување на нашите европски интеграции. Така што сега сè е во наши раце и тоа е добро, не зависиме од која било друга држава, и мислам дека ако мудро, умно и одговорно се постави секој пратеник и секоја политичка партија ќе успееме тоа да го направиме до крајот на скринингот“, изјави вицепремиерот Маричиќ во гостувањето на „Вести“ на „Телма“ телевизија.


Маричиќ посочи дека тоа е нешто што сме го презеле како обврска и што е дел од компромисот со Бугарија и дека од овој процес ќе зависи иднината на нашиот евроинтеграциски пат, бидејќи тоа јасно го пишува и во рамката и во Протоколот, додавајќи дека доколку не ги направиме уставните измени ќе го завршиме скринингот и тука ќе застанеме со европската интеграција на земјата.


– Од една страна ние сме прифатиле да ги направиме уставните измени, од друга страна Бугарија да прифати, македонскиот јазик да стане дел од преговарачката рамка и во иднина да стане официјален јазик на Унијата, и да ги почнеме преговорите, да не губиме повеќе време, да ја имаме оваа фаза на скрининг, додека не бидат завршени уставните измени, рече Маричиќ.


Вицепремиерот објасни дека скринингот е сериозна операција којашто бара ангажман на сите институции и дека Северна Македонија има направено веќе една вежба, подготовка, во 2018 и 2019 во којашто преку 2.000 наши државни службеници и експерти од институциите ги посетија тие скрининзи.

– Значи имаме некоја стартна основа, имаме добра основа, ревизијата на преговарачката структура е во тек. Ние моментално правиме интензивни меѓу-институционални консултации и очекуваме до крајот на август да се презентира новата структура, согласно новата методологија, бидејќи мораме да ја прилагодиме на новата методологија, истакна Маричиќ во интервјуто.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.