ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Маричиќ: Нема да се врзуваме со временски рокови во преговорите со Бугарија

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, најавената посета на бугарскиот премиер, Кирил Петков ја гледа како можност за воспоставување на нова динамика во преговорите со Бугарија. Како што вели тој, во одговор на новинарско прашање, за таа намена ќе се формирале посебни работни групи и немало да се врзуваме за рокови.

„Мислам дека посетата на премиерот Петков е одлична можност да се воспостави нова динамика во преговарачкиот просец меѓу нас и Бугарија. Динамика во која ќе се фокусираме на прашања пошироки од историските прашања, динамика во која ќе се формираат конкретни работни групи кои ќе дадат резултати во конкретни области без да се врзуваме за временски рокови интензивно да работиме на подобрување на атмосферата меѓу граѓаните и меѓу двете држави“, рече Маричиќ.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.