Мали очекувања од посетата на Борел на Приштина и Белград
![](https://edo.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/zozep-borel.jpg)
Од посетата на Жозеп Борел на Приштина и Белград не треба да се имаат претерани очекувања. Но она што може да се очекува е Берлин, како и ЕУ, да ја преиспитаат својата стратегија кон Западниот Балкан.
Речиси во секој јавен настап од изборот на местото шеф на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел нагласува дека Западниот Балкан ќе му биде еден од приоритетите. Пред првата посета на регионот, Борел вели дека со намера ги избрал Косово и Србија.
„Земајќи
ја предвид мојата лична решеност да се напредува во дијалогот под
покровителство на ЕУ, сакав прво да ги посетам Белград и Приштина. Имаме
многу важна работа пред нас, вклучително и нормализацијата на односите
меѓу Србија и Косово“.
За разлика од новиот комесар за проширување Оливер Вархеји кој се надева на постигнување договор
уште во текот на 2020 година, во кабинетот на Борел порачуваат дека од
првата посета не треба да се очекуваат конкретни предлози и планови.
„Високиот претставник оди во посета на Косово и Србија да го покаже својот личен ангажман и намера да стори што е можно за да се олесни дијалогот во кој тој е главен посредник“, вели портпаролот на ЕУ, Петер Стано.
Шефот на бриселската канцеларија на Германскиот институт за меѓународни односи и безбедност Душан Релјиќ нема големи очекувања од посетата на Борел.
„Процесот на преговори меѓу Белград и Приштина под покровителство на ЕУ застана пред долго време, а во овој момент Брисел и ЕУ немаат многу што да им понудат на Србија и Косово за да ги поттикнат на нови преговори и компромис“, вели Релјиќ за ДВ. Тој укажува дека политиката на проширување на ЕУ е во криза, и дека се очекува дефинирање на чекорите откако Европската комисија ќе излезе со предлог за нова методологија на преговорите за пристапување