ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Макрон утре пристигнува во Белград: Агендата е објавена, но непознато е што носи во „дипломатскиот куфер“

Францускиот претседател, Емануел Макрон утре пристигнува во посета на Белград, каде ќе има официјални состаноци од кои е тешко да се прочита што ќе донесе тој во својот „дипломатски куфер“. Различни заклучоци и анализи се вртат деновиве во Србија, од тоа дека Макрон доаѓа за да ги види можностите да обновување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, до тоа дека тежнее Франција да го засили своето присуство во регионот, односно дека сака да се наметне како лидер од Европската унија.

Во секој случај, доаѓањето на Макрон, после она на поранешниот претседател Жак Ширак во 2001 година, е големо случување за Србија од политички, културен и економски аспект и ќе влијае на зајакнувањето на билатералните односи на двете земји.

Извесно е сепак, дека прашањето за Косово ќе биде ставено на маса. Дел од аналитичарите наведуваат дека Макрон е посветен на дијалогот на Белград и Приштина, без оглед на тоа што Франција ја призна ксовската независност. Останува непознато, дали Макрон ќе дојде со некаква понуда за Србија или дипломатски ќе порача Белград и Приштина да постигнат договор, а ЕУ да посредува.

Според најавите, за време на посетата на францускиот претседател во Србија, ќе бидат потпишани дваесетина меморандуми за соработка, а најголем дел од нив се однесуваат на економијата. Според ова, може да се очекува и засилување на економската врска меѓу двете земји, односно инвестирање на Франција во српската инфраструктура, енергетиката, н и некои други области.

Макрон инаку, утре ќе слета на аеродромот „Никола Тесла“ околу 15 часот, по што ќе се сретне со неговиот српски колега, Александар Вучиќ. Нивната средба треба да го означи и почетокот на процесот на модернизација на аеродромт, со кој веќе раководи француска компанија. За Макрон се организира и свечер дочек пред Српската палата, каде што двајцата претседатели ќе разговараат во четири очи, а потоа ќе следи и состанок на делегациите.

Тие исто така, ќе положат венец на Спомен коструницата и ќе го посетат споменикот на српска воена хероина, Милунка Савиќ, по барање на Макрон. Дел од агендата е и положувањето венец на Споменикот за благодарност на Франција на Калемегдан, а се очекува овој настан да го следат повеќе од илјада граѓани. Макрон ќе преспие во Белград и ќе биде гостин на приватна вечера што Вучиќ ја организира во еден од државните објекти.

За време на вториот ден од посетата, Макрон веројатно ќе биде во обиколка на „Кнез Михајлова“, а се очекува да разговара со српските уметници.

Посетата на шефот на француската држава, ќе ја следат голем број домашни, регионални и француски медиуми – акредитирани се околу 700 медиумски работници, а обраќањето на двајцата претседатели ќе го пренесуваат и француската и српската национална телевизија.

Макрон во Белград ќе го чуваат 4000 специјалци, а безбедносните мерки ќе бидат на највисоко ниво. Тој треба да ја посети Србија ланската година во декември, но таа посета се одложи поради протестите на „Жолтите елеци“.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.