ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Макрон најави борба против тутунот и алкохолот како дел од стратегијата против рак

Францускиот претседател Емануел Макрон сака генерацијата која во 2030 година ќе наполни 20 години да биде првата генерација без цигари, а исто така во четвртокот вети дека ќе стори повеќе за да предупреди на опасностите од алкохол, како дел од десетгодишната стратегија за борба против ракот.

Макрон за Францускиот национален институт за рак – јавна институција која ги координира научните истражувања за ракот, изјави дека владата за тоа ќе одвои 1,7 милијарди евра во следните пет години, што е зголемување за 20 проценти во однос на периодот 2016-2021 година.

Неговиот фокус на рак, главната причина за смртност во земјата, доаѓа во време кога, поради пандемијата на коронавирусот здравството се најде во прв план на владините политики ширум светот. Скоро 78.000 луѓе починале од ковид-19 во Франција, што ја прави 7 земја во светот.

„Оваа стратегија е амбициозна со оглед на целите што ги следи: за 10 години да се намали бројот на пациенти заболени од карцином што може да се избегнат од 150.000 годишно на помалку од 100.000 и да се намали смртноста од седумте најсмртоносни карциноми“, рече Макрон обраќајќи се на членови на институтот преку видео.

Тој додаде дека скоро половина од овие карциноми што можат да се избегнат – 70.000 – во моментов се последица на тутунски производи. За да се намали таа бројка, Макрон истакна дека цените на цигарите ќе продолжат да растат и дека ќе има уште повеќе области каде што пушењето нема да биде дозволено.

„Алкохолот е одговорен за петтина од карциномите што можат да се избегнат. Се разбира, алкохолот е во срцето на нашата традиција, не станува збор за стремеж кон општество без алкохол“, рече Макрон.

Но, тој додаде дека мора да се стори сè за да се спречи прекумерна консумација на алкохол, вклучително и повеќе видливи и детални информации за секој производ, како што е случајот со прехранбените производи.

Франција е еден од водечките светски производители и извозници на вино, а Перно Рикар е втора компанија во светот за алкохолни пијалоци, по британскиот Дијаж.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.