ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Макрон во Белград: Националистот е патриот без проект, сослушајте го, но не му верувајте

Францускиот претседател Емануел Макрон, на прес-конференција по состанокот со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека нема проширување додека не се случат длабоки реформи во самата Европска Унија, нагласувајќи дека сè уште нема датум за влез на Србија во ЕУ.

„Нема датум и нема да се затвориме во таков календар. Не треба да се ограничуваме со прашања дали сме стигнале нешто да направиме до одреден датум или не. Важни се реформите. Тоа е процес во кој секој ќе мора да има своја улога. Србија се приближува кон Европа. Она што го градиме е посилно од самиот процес. Има низа реформи што треба да се спроведат. Широкиот дијалог е многу посилен од кој било извештај“, рече францускиот претседател.

„Дваесет и осумте земји-членки веќе не функционираат. ЕУ не може да напредува и да се шири ако не функционира. Треба да бидеме заљубени во Европа, да ги негуваме нашите економски, уметнички, интелектуални размени. Ова ќе ѝ помогне на Србија да се вкотви во Европа. ЕУ не е извештај со луѓе што никогаш не ги гледаме. Мислам дека Европа е еден прекрасен политички проект, приказна за љубовта што е изградена врз вековни војувања. Во еден момент посакавме да излеземе од таа состојба, немојте да го заборавите тоа, треба да ја храниме таа идеја“, рече Макрон.

 

Односите меѓу Германија и Франција како пример за прашањето на Косово

Макрон рече и дека компромисот за Косово значи дека не може да преживее ниедна „дијаметрално спротивна позиција“.

„Секој мора да се помести, мора да го најдеме патот за да можеме да погледнеме во иднината“, рече Макрон.

Тој рече дека ја разбира фрустрацијата што многу Срби ја чувствуваат кога станува збор за Косово, но дека „историјата не може да се повтори, не може да се оди назад“.

„Секоја земја има проблеми во однос на минатото. Она што јас го знам, а сигурно е дека канцеларката Меркел и јас учествуваме во сето тоа, е дека Франција и Германија имаа конфликти без крај. Сите што мислат дека да се брани српскиот народ значи да не се најде компромис (…) нека ги погледнат историјата и војните“, рече Макрон.

Според него, патриотизмот е љубов кон државата, а не омраза кон другите.

„Јас сум патриот и Европеец, но не сум националист. Националистот е патриот без проект. Сите што велат дека омразата кон соседите е проект сослушајте ги, но не им верувајте“, рече Макрон.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на прес-конференцијата со Макрон во Белград изјави дека имал долг и ретко отворен и искрен разговор за сите клучни прашања со францускиот претседател.

Вучиќ додаде дека со голема грижа зборувал за Србија и во надеж дека силната Франција и Макрон ќе им помогнат на Србија и на нејзиниот народ.

Запрашан како ја коментира изјавата на Макрон дека нема понатамошно проширување пред „длабоки реформи“ во рамките на ЕУ, Вучиќ рече дека тоа се два паралелни процеси.

„Едниот се однесува на нашето решавање на проблемите со Приштина, нашиот напредок во областа на владеењето на правото, а како што ќе биде во Европа, така ќе биде и за нас. И во 1999 година некои рекоа дека нè бомбардираат поради хуманитарна катастрофа, но излезе дека не било поради тоа. За нас е важно економијата да ни напредува, да направиме нешто добро за себе, да ја имаме француската поддршка во важните билатерални и мултилатерални прашања“, рече претседателот на Србија.

Вучиќ додаде дека Србија е заинтересирана од Франција да купи повеќе „нешта“ што беа прикажани на парадата во Париз на државниот празник на земјата.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.