ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Макрадули: Еколошки налепници за возилата, црвената и жолтата со ограничено движење во загадените денови

Црвена, жолта и зелена еколошка налепница на возилата е новата мерка за аерозагадувањето која днеска ја најави заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули. Трошокот за налепниците ќе биде на граѓаните, а ќе можат да ја добијат по соодветната контрола и тоа веднаш по донесувањето на законот.

-Зелената се однесува за хибридните, електртичните и возила кои имаат ЕУРО 5, 6 стандард како и Еуро 4 во кои се вградени уреди за течен нафтен и земјен гас кои ќе можат слободно да се движат во кое било време какво и да е загадувањето. Жолтата налепница се однесува на возилата со ЕУРО 4, 3, и 2 стандардот со вградени компоненти еколошки и тие ќе имаат ограничено движење во денови кога има висока концентрација на загадувачки сипстанци. Третата, црвената е за ЕУРО 2 и под тој стандард возила за кои ќе биде забрането и движење во деновите со висока концентрација загаденост, истакна Макрадули.

Појасни дека налепницата ќе ја утврди овластена техничка служба која доколку се  утврди дека спротивно на законот ги дели тие налепници ќе има соодветни санкции и казни, но ќе има и казни за возачите кои возат со налепница која е забранета за тој ден. Заменик министерот Макрадули рече дека мора да се воведе ваква мерка посебно што во Скопје секојдневно влегуваат од внатрешноста на Македонија околу 30.000 возила

Како втора мерка, Макрадули рече дека Владата воведува начин за утврдување на субвенционирање на набавка на електрични  и хибридни возила за кои ќе се добијат 3.000 евра за хибридно и 5.000 евра за електрично возило. Според него се очекува оваа мерка првата година да ја искористат околу 200 граѓани или компании за 200 возила. Покрај оваа мерка ќе се сунвенционира набавка на уреди за течен нафтен гас или метан до 50 проценти на трошоците за набавка на уредот, но не повеќе од 300 евра. Во првата година се очекува таа мерка да ја искористат 1.200 возила. За набавка на нови возила при замена или одјава на стари возлила, согласно новите закони за колективно постапување со отпадот, и старите школки или возила ќе треба да се складираат на соодветно место, но при набавката за ново, трошоците за одложување на возилото ќе се покријат.

Заменик министерот Макрадули информираше дека со такси превозниците е утврдена иниверзална жолта табличка со која треба да биде намалена нелојлната конкуренција, а ќе се зголеми квалитетот на услугите.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.