ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Македонците од Бугарија нема да застанат во нивната мисија, клубот „Никола Вапцаров“ ќе работи

Македонците од Бугарија нема да застанат во нивната мисија, и бараат бугарските власти да го почитуваат нивното право за самоопределување, откако бугарскиот централен регистар го затвори Здружението  за заштита на основни индивидуални човекови права. 

Пред два дена се отвори македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Атанас Мазнев за Сител вели дека ликвидацијата нема како да се одрази врз работата на клубот, но најавуваат дека ќе започнат регистрација на ново здружение.

Иако Здружението е впишано во регистарот во 2019-та конечна разврска добива во првата половина на октомври. 

Бугарскиот врховен суд по три години чување во фиока го активираше решението за затворање на македонското здружение во Бугарија. Сепак оваа одлука нема да влијае на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача да се прекине кругот со Бугарија со отворањето културни клубови и побара враќање во нормален колосек. Вели дека со укинувањето на македонското здружение најоштетени ќе бидат  Македонците во Бугарија.

„Сега нека излезат тие што отидоа да ги охрабрат и да ловат политички поени, да им објаснат на луѓето зошто им е укинато здружението. Затоа уште од почеток порачував дека тоа е погрешниот пат. Едно сомнително здружение од Канада баш да финансира во ова време организирање на клуб на Македонците како одговор на клубот во Охрид, не е начинот како да им се помогне на граѓаните“, изјави Османи.

Тензии и полиција имаше на отворањето на културниот клуб во Благоевград во неделата. 

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.