ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Македонија дава „чуден одговор“ на бугарското вето

Изјавите на бугарските политичари прецизно ги одразуваат односите меѓу Скопје и Софија, состојба која тешко ќе може да се реши, вели поранешниот прв амбасадор на Македонија во Грција, Љупчо Арсовски. Тој оценува дека Македонија дава „многу чуден“ одговор на бугарското вето за преговорите со ЕУ.

Одредени сигнали кои ги даваат некои членки на Европската унија, но и Брисел, влеваат оптимизам дека е можно да се реши спорот со Бугарија, вели поранешниот прв амбасадор на Македонија во Грција и сега претседател на Советот на амбасадори, Љупчо Арсовски. Тој, сепак, смета дека поради актуелната состојба, тешко ќе биде решавањето на спорот меѓу двете земји.

„Бугарија даде вето, чинам дека по втор пат не би можела да даде вето, тоа би било премногу сериозно“, вели Арсовски во интервју за Радио Слободна Европа кое ќе го емитуваме в недела.

Скопје и Софија потпишаа Договор за добрососедство во 2017 година, но односите меѓу двете земји беа нарушени откако Бугарија во декември минатата година ја блокираше Македонија да ги почне преговорите за членство со Европската унија.

Во меѓувреме, дипломатската реторика беше заострена. Меѓу изјавите на официјална Софија се барања Македонија да признае бугарски корени, додека македонската Влада тврди дека нејзините црвени линии се идентитетот, јазикот и националноста.

Стојко Стојков, копретседател на здружението на Македонците во Бугарија ОМО Илинден Пирин, пак, смета дека колку повеќе се молчи, толку повеќе вели им се дава право на бугарските политичари да настапуваат со агресивни изјави.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.