ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Лукашенко отвори нуклеарна централа на 50 километри од главниот град на Литванија

Денес претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, отвори нуклеарна централа, на што се спротивставиле некои соседни земји поради безбедносни проблеми.

На нуклеарната централа, изградена од руската државна компанија „Росатом“ и финансирана од Москва со заем од 10 милијарди долари во близина на градот Астравец во западниот регион Хродна, енергично се спротивстави Литванија, чиј главен град Вилнус е оддалечен само 50 километри, објави Ројтерс.

„Ова е историски момент. Земјата ќе стане нуклеарна сила “, рекол Лукашенко во изјавите емитувани на државната телевизија.

„Атомската централа во Астравец е нов чекор кон иднината, кон гарантирање на енергетската безбедност на државата“, посочил тој.

Белорускиот опозиционер Андреј Саников, кој бил затворен по изборната трка против Лукашенко во 2010 година, на Твитер напишал дека нуклеарната централа е геополитичко оружје за Лукашенко и Кремљ против Европската Унија и радиоактивна опасност за Белорусија и Европа, пренесува Танјуг.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.