Лидерката на БСП Нинова- Македонија не може во ЕУ на сметка на бугарските национални интереси
Лидерката на Бугарската социјалистичка партија ( БСП) Корнелија Нинова денеска рече дека Република Северна Македонија не може да стане членка на Европската унија за сметка на како што рече, бугарските национални интереси.
„Ние треба да ги заштитуваме категорично националните интереси“,
Инаку таа ја отфрли можноста нејзината партија по претстојните парламентарни избори кои треба да се одржат на 4 април, да коалицира со владејачката партија на премиерот Бојко Борисов, Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ).
„Гледам голема манипулација и лага од различни луѓе со различни верувања во последно време, потикнати од мојот говор пред Централната изборна комисија (ЦИК). Тогаш кажав дека ќе формираме постизборни коалиции по спроведена анкета. Очекував овие луѓе да реагираат попаметно. Што се случува? Тие веднаш ги искористија овие зборови дека ако ги прашаме членовите и приврзаниците, тогаш се договоривме со ГЕРБ. Кој се плаши од оваа реченица? Кој се плаши од тоа да ги прашаме членовите на партијата?, истакна Нинова.
рече Нинова за бугарската национална телевизија.Инаку, таа претходно најави дека ќе спроведе анкета во БСП за формирање коалиција со ГЕРБ, но оти е сигурна дека 99,99 проценти од членовите и приврзаниците ќе се изјаснат „никогаш коалиција со ГЕРБ.
Според последните испитувања на јавното мислење во Бугарија водечка партија е владејачката ГЕРБ, но разликата со БСП е мала. Покрај овие две водечки партии, анкетите покажуваат дека во бугарскиот парламент би влегле уште шест други.