ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Лесната верзија на Спутник V ја преполовува можноста од зараза по само една доза

„Лесната“ верзија на вакцината Спутник V против ковид-19 која се дава во една доза ја намалува можноста за инфекција за 50 до 60 отсто, кажа Александар Гинцбург, директорот на Рускиот национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеја, кој ја разви вакцината, пренесуваат руските медиуми.

„Постои „лајт“ верзија, која е првата компонента на вакцината Спутник V. Ако се користи одвоено, без примање втора доза, овозможува намалување на заболувањето од оваа инфекција за 50 или дури 60 отсто“, кажа Гинцбург вчера за телевизијата Русија 1.

Истражувањата на вакцината Спутник лајт, која се дава во една доза, почнаа во Москва на 27 февруари, а барањето за нејзина регистрација беше поднесено на 29 март.

Спутник V која се дава во две дози останува главната вакцина.

Во стручниот магазин Лансет е објавено дека Спутник V е 92 отсто ефикасна во спречувањето симптоматска болест и 100 отсто во спречувањето тежок облик на болеста.

Руската вакцина се смета за ефикасна и против новите соеви на коронавирусот.

Спутник V е една од трите вакцини против ковид-19 кои во моментов се тестираат во Европската агенција за лекови (ЕМА), покрај вакцината на американски Новавакс и германски Кјурвакс.

Се очекува експерти на агенцијата да ја посетат Русија месецов за да ги проверат производството и чувањето на вакцините.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.