ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Лекот „ремдесивир“ одобрен за третман на ковид -19 во ЕУ

Европската комисија соопшти денеска дека го одобрила користењето на лекот „ремдесивир“ во третманот на тешки случаи на ковид-19 во ЕУ, јави агенцијата ДПА, пренесе МИА.

„Нема да пропуштиме ниту една можност во нашите напори да обезбедиме ефикасни третмани или вакцина против коронавирусот“,

изјави Стела Киријакидес, еврокомесарката за здравство.

Одобрувањето од ЕУ, издадено во петокот, според германската агенција, е последниот чекор да му се даде зелено светло на лекот за употреба.

„Ремдесивир“ е првиот лек што се здоби со вакво одобрение за употреба во ЕУ.

„Ремдесивир“, произведен од американската биотехничка компанија „Гилеад“, првично бил развиен за третман на заболени со ебола, но имал мал ефект.

Меѓународната студија на крајот на април со над 1 000 учесници покажа дека овој лек може да го намали времето потребно за заздравување на пациентите со ковид-19 во просек од 15 на 11 дена.

Пред два дена американското Министерство за здравство соопшти дека американскиот претседател склучил „одличен“ договор со „Џилид сајенсис“ за 500.000 дози, што претставува речиси 100 отсто од вкупното производство на компанијата овој месец, 90 отсто во август и 90 проценти во септември, што предизвика вознемиреност кај експертите.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.