ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Лебот, маслото и брашното во големите маркети се продаваат по набавна цена

Трговците на мало побрзаа да се адаптираат на новите услови за промена на профитните маржи. 

Канал 5 направи обиколка за да провери каква е денеска цената на основните намирници. Етикетите на рафтовите во супермаркетите веќе се сменети. Лебот, брашното и маслото се продаваат по набавна цена, согласно производителот, и нема недостаток на овие продукти.

„Во еден од маркетите во кој влеговме да пазариме забележавме дека цените на овие три основни продукти се намалени, односно се продаваат без маржа. За нив ни беа наплатени 174 денари.“

Кај маалските дуќани сликата е поинаква. Дел од сопствениците се уште не ги вметнале новите цени во фискалните уреди. Но тоа во моментов за нив не е најголемиот проблем – бидејќи немаат што да продаваат.

Антонио Стојчевски кој веќе 25 години е сопственик на мала продавница во Визбегово раскажа дека прв пат се соочува со ваква рестрикција на залихите поради новите маржи. Дистрибутерите престанале да му ги носат основните намирници од чија продажба практично му зависи бизнисот. Вели, покрај поскапа индустриска струја и други редовни трошоци – намалените маржи му се дополнителен удар.

„Многу ќе изгубиме како микропретпријатие. Со тие маржи тешко да останеме и да работиме. И дистрибутерите кои ја носат робата веќе не ни ја доставуваат за да можеме да работиме. А ние и размислуваме дали да ја земеме робата – па за што да ја земаме?- Антонио Стојчевски, сопственик на продавница.

Владата донесе нови превентивни мерки за да се задоволат домашните потреби во услови на зголемена побарувачка од странство. Откако вчера забрани извоз на масло за јадење, од денеска па во следните 10 дена нема да се извезуваат и пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед и масла од семе од сончоглед.

„Владата ја носи оваа одлука за ограничување на извозот превентивно за да не настанат поголеми нарушувања на пазарот поради одлуките за ограничување или забрана за извоз на останатите земји од регионот. Целта на оваа мерка е заштита на домашниот пазар и на граѓаните во време на криза.“-Крешник Бектеши, министер за економија.

Иако и Србија пред 2 дена се реши на овие мерки, земјава сепак ќе ги добие ветените 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка. Властите уверуваат дека стоковите резервите на пченица се полни и засега нема потреба од нивно активирање.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.