Лебот за сега не поскапува, но цените зависат од тоа што ќе се случува во Украина и на Блискиот Исток
Лебот нема да поскапи, неговата цена за сега останува иста, уверуваат производителите. Но, што ќе се случува понатаму не само со овој производи туку и со сите други ќе зависи од конфликтот во Украина и со новонастанатата состојба на Блискиот Исток. Поради случувањата таму периодов скокна цената на нафтата. Дали пред нас е нов бран на поскапување од бизнисот велат дека се зависи од глобалните случувања. Потенцираа и дека цените не зависат само од нафтата, туку и од други фактори меѓу кои е и цената на работната сила.
-ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ ЌЕ ОСТАНЕ ИСТА, СТАБИЛНА Е СЕГА НО НЕ ЗНАЕМЕ ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА ВО ОДНОС НА ВОЈНАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК КОЈА ДИРЕКНО СЕ РЕФЛЕКТИРА НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА, ИСТО НЕ ЗНАЕМЕ СО ЖЕТВАТА ВО РУСИЈА И УКРАИНА НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА ЖИТО ПОВЕЌЕ ПАРАМЕТРИ СЕ И ВАРИЈАБЛИ КОИ ВЛИЈААТ НА КРАЈНАТА, НО СМЕТАМ ДЕКА ВО ОВОЈ МОМЕНТ ИМАМЕ СТАБИЛНА И ИСТА ЦЕНА НА ЛЕБОТ, ВЕЛИ ГОРАН ЃОРЃИЕВСКИ ОД АГРО -БИЗНИС КОМОРАТА ПРИ ССК
-ТУКА Е ЦЕНАТА НА РАБОТНА СИЛА. ЛУЃЕТО КОИ ПРОИЗВЕДУВААТ ЛЕБ И ДРУГИ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ЌЕ ТРАБА ДА ГИ ПЛАТИТЕ ПОВЕЌЕ, А СО ТОА АВТОМАТСКИ РАСТЕ И ЦЕНАТА НА ТИЕ ПРОИЗВОДИ, ВЕЛИ ТРАЈАН АНГЕЛОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ССК.
Од бизнисот и со забелешка за тоа што утрешниот ден е прогласен за неработен. Велат, освен што никој не ги контактирал, со тоа што во среда нема да се работи негативно ќе ја завршат целата недела.
-КОГА ЌЕ ПРОГЛАСИТЕ НЕРАБОТЕН ДЕН ВО СРЕДА НЕГАТИВНО СТЕ ЈА РЕШИЛЕ ЦЕЛАТА НЕДЕЛА И ПОНЕДЕЛНИКОТ И ВТОРНИКОТ СЕ РЕЛАТИВНО НЕЕФИКАСНИ КАКО И ЧЕТВРТОК И ПЕТОКОТ. НАВИСТИНА МНОГУ НЕПРИЈАТНА СИТУАЦИЈА, ДОДАВА АНГЕЛОВСКИ.
Инаку, изминатиот период може да се забележи дека цените на одредени производи пораснаа по укинувањето на мерката за нивно замрзнување.