ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Лавров: Раздорот меѓу Русија и ЕУ трае со години, но поради Брисел

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров повторно зборуваше за „раздорот“ во односите на Русија и Европската Унија. Тој кажа дека „раздорот трае веќе со години, но поради Брисел“.

Лавров минатата недела изјави дека официјална Москва е спремна да ги раскине односите со ЕУ доколку Брисел повторно ѝ наметне економски санкции, овој пат поради апсењето и осудувањето на опозиционерот Алексеј Навални.

Според него, сега не останало многу кога станува збор за односите на Русија и ЕУ, но сепак напомена дека Москва е спремна да продолжи дијалогот околу заемно важните теми.

Но, ако ЕУ одлучи да воведе санкции и дополнително да ги влоши односите, Москва ќе биде спремна, истакна Лавров.

„Генерално, јасно им е на сите кои барем малку се интересираат за она што се случува во Европа дека овој раздор трае со години, односно откако ЕУ почнува да ги влошува односите“, кажа шефот на руската дипломатија на прес-конференција по состанокот со својот фински колега.

Точката на кршење, објасни Лавров, беше 2014 година кога во Украина се случи државниот удар. „ЕУ покажа дека тогаш ништо не може да направи поради несогласувања во својата внатрешност“, додаде Лавров.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.