ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Мировната мисија на НАТО на Косово КФОР денеска објави дека го истражува инцидентот во Зубин Поток во кој учествуваа непознати вооружени лица.

Нема повредени или материјална штета, наведуваат од КФОР и додаваат дека работат на утврдување на сите факти околку овој инцидент.

-Бидејќи се планирани средби меѓу сите страни, важно е сите инволвирани да избегнуваат каква било реторика или дејствија што можат да предизвикаат тензии и да ја ескалираат ситуацијата.

Очекуваме сите страни да се воздржат од провокативни демонстрации на сила и да го бараат најдоброто решение за да се осигура безбедноста на сите заедници. Ги повикуваме сите страни да помогнат да се овозможи безбедност и слобода на движење на Косово и да се спречат погрешните наративи да влијаат на процесот на дијалог.

Командантот на мисијата КФОР предводена од НАТО продолжува да го поддржува дијалогот за изнаоѓање договор за смирување на тензиите во северно Косово. Тој останува во близок контакт со сите вклучени во овој процес, стои во објавата на КФОР во која се додава и дека тие го зголемиле своето присуство во последните месеци и дека остануваат целоснои подготвени да го исполнат својот мандат според Резолуцијата 1244 од 1999 година.

-Решенија треба да се бараат преку дијалог, се додава во соопштението.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.