ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Курти: Тачи замина во САД без координација со Собранието

Премиерот на Косово, Албин Курти, изјави дека претседателот Хашим Тачи требал да се координира и да извести пред косовското Собрание пред да замине во Соединетите Американски Држави. Тачи вчера во Белата куќа се состана со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Премиерот Курти, кој ден претходно го покани претседателот на состанок за координирање на чекорите во надворешната политика, рече дека е „грешка и штета што претседателот Тачи не дошол во нашите институции, пред да се обиде да се согласи со претседателот на Србија“.

„Дознав дека претседателот се враќа од Соединетите Држави, без заедничка изјава со Вучиќ. Фактот дека тие немаат договор, претседателот на Косово со претседателот на Србија, верувам дека е корисен неуспех за Република Косово“, изјави Курти.

Вчера, по состанокот со Вучиќ во Вашингтон, Тачи рече дека се разговарало за „неопходноста за мирно решение на прашањата Косово – Србија“ и „можноста за постигнување на конечен договор“.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.