ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Курти: Нема да разговарам за статусот на Косово, тоа прашање е решено

Косовскиот премиерот Албин Курти изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, сепак смета дека Косово е територија што Србија мора еден ден да ја врати. Во интервју за француски „Ле Монд“, тој исто така рече дека Белград „треба да се соочи со минатото и да стане подемократски“, пренесуваат приштинските медиуми.

Запрашан за неговите впечатоци по првиот состанок со Вучиќ на 15 јуни во Брисел, Курти повтори дека не било лесно, но дека било конструктивно.„Инсистирав ништо повеќе да не се крие под тепих, па затоа треба искрено да се реши прашањето за меѓусебно признавање на Косово и Србија. На сите ни треба заемно признавање, а Вучиќ одговори дека никогаш нема да го признае Косово. Одбивањето на реалноста од една страна и вистината од друга страна доаѓа од истата логика. „Србија мора да се дистанцира од времето на Слободан Милошевиќ, кој започна со апартхејд и заврши со геноцид во Косово“, рече Курти.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.