ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Курти му одговори на Тачи: Избори и нова влада на Косово – по пандемијата

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, му упати денеска писмо на претседателот на државата Хашим Тачи, во кое го информира дека не го одбива неговото барање да одреди мандатар за новата влада, но повторува дека бара одржување парламентарни избори веднаш штом помине пандемијата на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти и во одговорот на третото писмо на Тачи со барање, како лидер на партијата победничка на октомвриските избори, Движењето Самоопределување (ВВ), да го соопшти името на мандатарот за формирање нова влада, бара појаснување за „употребата на двојни стандарди“ кои Тачи и политичките партии, како што вели, се обидуваат да ги наметнат по неуставен пат.

– Го очекувам вашето појаснување, со надеж дека ќе го користите истиот стандард кој го очекувате од мене. По вашиот одговор можеби ќе ми стане појасна причината за таквото инсистирање на второстепени и третостепени работи, во време кога сите треба да се обединиме во борбата против заедничкиот непријател, Ковид-19, пишува Курти.

Собранието на Косово на 25 март, му изгласа недоверба на кабинетот на Курти, по само 52 дена откако стапи на должност.

Иницијативата за уривање на владата ја покрена дотогашниот коалиционен партнер на ВВ, Демокртскиот сојуз на Косово (ЛДК), откако премиерот го разреши од функцијата министер за внатрешни работи потпретседателот на таа партија, Агим Велиу. Друга причина поради која се побара гласање недоверба на Курти беше неговото упорно одбивање да ги исполни барањата на официјален Вашингтон за итно и безусловно укинување на таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.