ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Курти за РСЕ: најпрвин дијалог со ЕУ, па потоа со Белград

Претседателот на Самоопределување и кандидат на таа партија за премиер на Косово Албин Курти во интервју за Радио Слободна Европа вели дека Албанците на Косово не се посветни на политичко обединување со Албанија. Според него, интеграцијата со Албанија и Европската унија треба да биде преку успехот на Косово како држава.

Во интервју за Радио Слободна Европа Албин Курти лидерот на Самоопределување, партија која победи на вонредните избори на Косово во врска со тоа дали тој како иден можен премиер ќе се ангажира на обединувањето на Косово со Албанија изјави дека ќе се залага за зближување на двете земји:

„Не е дека ние како Албанци сме посветени на обединување на Косово со Албанија политички. Тоа е обединување, како историска намера на Албанците. Ние сме заинтересирани да се приближиме што е можно поблиску со Албанија, да преземеме чекори за интеграција. Но, нашата главна задача е да ја спасиме земјата од заробеност, да ја застанеме нашата република на нозе со правда, развој, еднаквост, со борба против корупцијата, да ја намалиме невработеноста и сиромаштијата и вака гледаме на интеграцијата со Албанија и ЕУ, преку успехот на Косово како држава“.

Во врска со можноста новата влада да ги укине таксите кон српските производи Албин Курти рече:

„Не само што сме подготвени, но исто така сме заинтересирани да ја замениме таксата од 100 насто со целосен реципроцитет со Србија, во согласност со резолуцијата на парламентот од 7 декември 2011 година. Србија не може да се однесува лошо со нас и да мисли дека не го заштитуваме нашиот интерес“.

Во интервјуто за Радио Слободна Европа лидерот на Самоопределување Албин Курти во однос на тоа што очекува во врска со дијалогот меѓу Белград и Приштина кој подолго време е замрзнат изјави дека најбитно е првин да се разговара со Европската унија.

„Очекуваме солиден дијалог, добро подготвен и со јасни принципи претходно договорени со Брисел. Значи, сакаме дијалог со Брисел пред дијалогот со Србија, за да не пропадне дијалогот“.

Албин Курти исто така најави дека во првата недела како премиер ќе започне дијалог со косовските малцинства, вклучувајќи ги и косовските Срби.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.