Курти за признавањето на Косово од Србија: Неопходно е да се зголеми притисокот од Западот, тоа може да донесе резултати
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека дополнителен притисок од Западот може да донесе резултати по прашањето за признавањето на Косово од Србија. На прашањето дали Западот врши доволен притисок врз Белград да го признае Косово, Курти рече дека е неопходно да се направат повеќе меѓународни напори во оваа насока.Ова е многу добро прашање. Сметам дека е неопходно да се изврши поголем притисок врз Белград, бидејќи Белград докажа дека најдобро го разбира овој јазик. Србија не е демократска држава. Таму владата врши голем притисок врз својот народ. Таму не прифаќаат политички плурализам, не ги почитуваат човековите права и законот не владее со политиката, туку политиката над правото. Затоа, само заеднички напор, со дополнителен притисок и од Брисел и од Вашингтон, но би рекол особено од Берлин, Париз и Рим, може да донесе резултати“, изјави Курти во вторник во интервју за утринската програма на Топ Чанел Албанија.
„Ова е неопходно, бидејќи автократите ја разбираат великодушноста и добрината како страв или слабост на другата страна. Што и да му кажат сега Европската унија или Соединетите Американски Држави на Белград, тие ќе бидат доволно храбри да побараат повеќе, да не се откажат од Косово и да добијат средства од Европската унија“, додаде Курти.
Шефот на косовската влада повтори дека Србија добива средства од ЕУ, се вооружува од Русија и добива инвестиции од Кина. Тој рече дека на овој начин Србија успева да ја добие толеранцијата на САД.„Конкретно Србија во овие две години има за цел да добива пари од Европската унија, вооружување од Русија, инвестиции од Кина и толеранција од Соединетите Американски Држави. Така, на некој начин ќе седи на четири столчиња“, рече тој.