Курти го обвини Путин дека сака да го дестабилизира Балканот
Косовскиот премиер го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека е деспот и оти сака хибридната војна да ја претвори во војна. Говорејќи за британската телевизија Скај додека беше во Лондон, Курти го обвини Путин дека сака да го дестабилизира Балканот. Наведе дека на Владата на Косово ѝ е јасно оти е сојузник со НАТО и бара членство во алијансата.
„Мислам дека ова веќе го видовме на Балканот, на Косово во пролетта 1999 година, кога 860.000 Албанци од Косово беа депортирани во Албанија, Црна Гора и Северна Македонија, имаше стотици масакри. Убиени 12.000 цивили, невооружени цивили. Силувани 20.000 жени. Сега ја гледаме оваа руска окупација, воена агресија, која секој институционален лидер, секој европски и светски политичар мора остро јасно да ја осуди. И на овој начин, сите ние мора да ја покажеме нашата солидарност и да се восхитуваме на храброста и ослободителната борба на украинскиот народ. Балканот не е имун од ефектите на ситуацијата во Украина, бидејќи на Балканот имаме земја која не воведе санкции кон Руската Федерација, која не се приклучи кон ЕУ за да ја осуди руската окупација. Тоа е Србија, нашиот прв сосед. Тој сака да го дестабилизира Балканот. Затоа ги кажува овие лажни работи. Нема косовски граѓанин кој сака да се бори во Донбас. Русија е таа што ги анектира Донбас и Крим. Да не заборавиме дека претседателот Путин дојде на власт како премиер на Руската Федерација само два месеци по ослободувањето на Косово во 1999 година, а потоа ги анектираше Јужна Осетија и Абхазија во Грузија истата година, неколку месеци откако прогласивме независност. на 17 февруари 2008 година. Претседателот Путин го спомнуваше Косово најмалку еднаш месечно, а сега тоа го прави секоја недела затоа што едноставно, го мрази НАТО, го мрази Западот“, изјави Албин Курти, премиер на Косово.