ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Кристофер Хил се враќа на Балканот: Ќе биде амбасадор во Белград

Американскиот Сенат потврди дека Хил е новиот амбасадор на САД во Србија. Веста е објавена е на твитер-профилот на демократското мнозинство во Сенатот

Некогашниот американски амбасадор во С Македонија, Кристофер Хил, се враќа во мисија во регионот.

Американскиот Сенат потврди дека Хил е новиот амбасадор на САД во Србија. Веста е објавена е на твитер-профилот на демократското мнозинство во Сенатот, каде што во исто време беше потврдено именувањето на уште амбасадори на САД.

Кристофер Хил ќе го замени Ентони Годфри, кој е во Белград од ноември 2019 година, како амбасадор на САД во Србија.

На 14 октомври минатата година американскиот претседател  Џозеф Бајден го номинира Хил за нов американски амбасадор во Србија.

Хил важи за добар познавач на регионот. Тој беше специјален претставник на САД за Косово и одигра клучна улога во преговорите што доведоа до конференцијата во Рамбује во 1999 година. Освен во Белград, Хил служеше и во Скопје (во периодот од 1996 до 1999 година) и во Тирана. Но, работел како амбасадор и во Јужна Кореја, Ирак и Полска.

На 14 декември минатата година, Хил изјави пред Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат, за време на дебатата за неговата номинација, дека е загрижен што Белград се свртува кон Русија за одредени набавки за армијата, а кон Кина кога станува збор за задоволување на инфраструктурните потреби, пренесува РТС.

Во текот на дебатата, дипломатот посочи дека САД и европските партнери го поддржуваат развојот на Србија како модерна, просперитетна земја која е во мир со соседите.

Тој потсети дека дипломатската кариера ја започнал во Белград, дека подоцна учествувал во процесот кој кулминирал со Дејтонскиот договор и дека се вратил во регионот како амбасадор во Македонија и преземал дополнителни обврски како специјален пратеник за Косово од 1998 година до 1999 година.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.