ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Криминалот и корупцијата се на прво место и нивните креатори имаат име и презиме, вели Арсовски

Oд ВМРО-ДПМНЕ денеска го искоментираа извештајот на Стејт Департментот, во кој се нотира дека корипцијата е сериозен проблем за Македонија. 

Тие посочија кон високи партиски функционери на СДСМ. 

„Криминалот и корупцијата во Македонија се на прво место и нивните креатори имаат име и презиме, Зоран Заев, Оливер Спасовски, СДСМ и цела криминална заевска булумента од Влада и правосудство“, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Додава дека Македонија стана синоним за корупција и криминал. 

Стејт департментот ја „искара“ македонската Влада, а корупцијата и селективноста ги посочи како главен проблем. 

Наведуваат дека постојат добри закони за борба против корупцијата, но дека нивното спроведување е слабо и селективно. Се водат постапки против критичари на власта како и помали престапници, се додава во извештајот. Има обвинувања за корупција во полицијата, обвинителството, судството. Особено забелешки има во делот на водењето бизниси. 

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.